Профил

ACME Inc. е компанија во приватна сопственост чија основна дејност е производство на електрични апарати - БОЈЛЕРИ.
Компанијата постои од 1984 годи бележи стабилен и конзистентен раст и развој.
Првите чекори компанијата ги направи како услужен сервис, кој прерасна во занаетчиска работилница, а потоа во најголема македонска фабрика на електрични апарати - БОЈЛЕРИ.

Во својата палета производи, која постојано се зголемува, компанијата ги разви и производите: електрични кварци греалки, електрични греалки за купатило, електрични скари, како и дворни гарнитури (маси и столици).
Погоните на фабриката се лоцирани во индустриската зона на градот со извонредна инфраструктура, железнички колосек во кругот на фабриката, како и одлична сообраќајна поставеност. Располага со 7000 m2 од кои 4000 m2 претставуваат покриени работни површини - хали.

Целиот технолошки процес од материјал суровина до финален производ е заокружен во погоните на фабриката:

  • Погон за конфекционирање
  • Погон за конфекционирање на цевки
  • Погон за производство на резервоари
  • Погон за топло поцинкување, емајлирање и подготовка за боење
  • Погон за електростатско боење
  • Погон за монтажа
  • Погон за производство на дворни гарнитури
  • Погон за електрични кварцни греалки, греалки за купатило и скари

 
Изградено со EasyWEB™ - Copyrights 2002 MTnet